
ОК на ВМРО-Народна партија од Тетово со соопштение повикува на масовна излезеност на претстојните локални избори:
Општинскиот комитет на ВМРО – Народна партија од Тетово упатува повик до сите Македонци од општина Тетово масовно да излезат на претстојните локални избори и својот глас да го дадат на партијата за којашто сметаат дека искрено и чесно ќе ги претставува во локалната самоуправа.
Имено, ова го бараме, со цел да се освојат повеќе мандати, за македонскиот народ во Тетово не биде постојано мајоризиран и конечно да престане да живее од лажни ветувања и туѓо милосрдие.
Нашата порака до Вас, почитувани граѓани е да гледате со свои очи и да мислите со своја глава за да можеме да го вратиме достоинството и честа на секој Македонец во нашето Тетово.
Тетово повторно наше – чесно,народно, патриотски!
Сега е време – ВМРО – НП за Тетово!
се вели во соопштението.
За Тетово на локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври ќе се борат шест кандидати меѓу кој и кандидатот од ВМРО-Народна партија, Стевица Саркоски кој беше најавен уште веднаш откако двете најголеми политички партии од македонскиот блок ја исклучија можноста да кандидираат предлог-кандидат за градоначалник на Тетово.